Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:

Скопје -Женева
Скопје – Париз (аеродром Орли)

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Реклама

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул
Охрид – Базел Мулхаус
Скопје – Дубаи
Скопје – Штутгарт
Скопје – Лион
Скопје – Барселона

и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.

„Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме“- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.