Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Стефковски: За три години 54 милиони денари вративме на граѓаните

Во услови на сериозна економска криза, општина Гази Баба во изминатите три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на сериозна економска криза, општина Гази Баба во изминатите три години преку најразлични мерки подаде рака на своите жители и 54 милиони денари ги врати директно на сметка на граѓаните. Субвенции за велосипеди, инвертер клима уреди, печки на пелети, електрични тротинери, соларни колектори, чистење на оџаци и субвенции за вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата се мерките од областа на животната средина преку кои вративме средства директно кон граѓаните, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Еднократна парична помош за секое новороденче, еднократна помош за секое прваче, еднократна помош за семејства кои се соочиле со несреќа и болест, финансиска поддршка за семејства во социјален ризик и финансиска поддршка за пензионерите со ниски пензии се мерките од областа на социјалната заштита преку кои вративме средства директно кон граѓаните.

За доделените средства, информираше градоначалникот Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи.

Реклама

„Изминатите три години преку нашето одговорно, посветено и чесно работење на дело покажавме дека постоиме за граѓаните“ – напиша Стефковски.

Општина Гази Баба и оваа година продолжува со имплементација на програмите за субвенционирање на граѓаните и социјална заштита преку кои ќе продолжи трендот на враќање на средства од општинскиот буџет кон граѓаните.