Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

И годинава против пожарите со стар систем, се работи на спојување на ЦУК и ДЗС

Македонија и ова лето со пожарите ќе се справува со стариот систем.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и ова лето со пожарите ќе се справува со стариот систем. Паралелно се работи на нов систем кој ќе значи реорганизирање на институциите со цел подобро справување со кризни состојби. Големо внимание ќе се посвети и на превенцијата.

Денеска се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, во проширен состав на кој беа разгледани согледаните слабости на системите за управување со кризи, за заштита и спасување и за противпожарна заштита, како и предлозите за нивно надминување.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој управува со комитетот, по седницата истакна дека државата има тотално нефункционален систем кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави.

Реклама

„Овие години наназад ништо не е сторено во делот на системски решенија кои ги требало да одговорат во насока на сериозна држава, на сериозни предизвици. И покрај натчовечките напори на луѓето кои беа инволвирани во ваквите предизвици, тоа ни оддалеку не е доволно за да кажеме дека имаме системски капацитети кои можат да одговорат на сите предизвици поврзани со кризен менаџмент“, вели Тошковски.

Тој истакна дека разговараме со сите надлежни институции, да бидат поподготвени за предизвиците кои следат.

„Освен ад хок решенија, да создадеме систем кој ќе биде функционален и да одговори на овие состојби. Ангажирани се странски експери кои со нивното искуство ќе помогнат во насока на збивање на редовите во Македонија, што значи дека идејата на Владата за спојување на одредени институции, најверојатно ќе треба да се имплементира најскоро што може, да се создаде законска легислатива и понатаму да одговориме сериозно како што и доликува на една држава“, додава министерот.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека кај Владата гледа цврста решеност за системско надминување на проблемот.

„Денес, во јануари, имаме работна средба на која зборуваме за пожарите кои ги очекуваме во јуни или јули. Секојдневно се работи сериозно на надминување на системските слабости. Се работи за 19 закони кои треба да бидат сменети, дополнети или укинати. Не е едноставен процес, спојувањето на ЦУК и ДЗС не треба да биде механички од две недоволно функционални институции да добиеме една супернефункционална, туку на здрави темели да се направи нова институција кои ќе ги обедини двете институции, а за тоа е потребно време“, нагласи Ангелов.

Покрај членовите на Управувачкиот комитет, на седницата поканети беа и заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорот на ДЗС, Џеват Селами, директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов, директорот на АД Водостопанство Филип Филиповски, директорот на УХМР Игор Лазаровски и командантот на БППЗ на Град Скопје Звонко Томевски.