Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко му честиташе на новоизбраниот американски Претседател Трамп

Сон не го фати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој непосредно по инаугурацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сон не го фати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој непосредно по инаугурацијата побрза да му честита на старо-новиот американски претседател Доналд Трамп.

-Бог да ја благослови Америка и сите народи кои веруваат во мир и напредок! – ова е дел од честитката која осамна на неговиот фејсбук профил и на официјалната страна на Општина Струга. Првиот функционер од ДУИ, кој веќе две години е ставен на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси, покрај честитката пригодно, прикачил и фотографија од Трамп, со раширени раце-случајно или не, слична на неговата профилна фејсбук фотофрафија. 

„Ви посакуваме успешен мандат и лидерство кое ќе донесе напредок и единство за целиот американски народ. Се надеваме дека во овој период, поддршката на САД за Балканот ќе продолжи да биде силна и присутна, зајакнувајќи ја соработката и стабилноста во регионот. Големите лидери градат мостови на соработка, и се надеваме дека партнерството помеѓу САД и нашите земји ќе продолжи да биде пример за успех во иднината”

Реклама

Мерко беше ставен на Црната листа на САД, во време на претходната администрација предводена од  Џо Бајден.Од струшкиот огранок на ВМРО ДМПНЕ честитката до Трамп ја толкуваат како обид за ситно политичко профитерство.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема намера да коментира обиди за ситно политичко профитерство. Соединетите американски држави, нашиот стратешки партнер, има јасни ставови и политики во врска со корупцијата и криминалот во Република Македонија. Жешкиот костен е во рацете на судството, кое час поскоро треба да се исправи од калта во која е одамна заглибено. Единствено на тој начин ќе се врати довербата на народот во судството и во државата како организиран систем.” Велaт од ВМРО-ДПМНЕ Струга

Инаку против Рамиз Мерко до овој момент се водат вкупно 9 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.Се товари за незаконско поставување на директори во основни училишта, за набавка на луксузното возило ауди А6. Потоа за бесправно градење на објект во еден струшки хотел и последното најново за спорната спомен плачата на општинската зграда. Судењата за истите ќе се одржат во ист ден, односно на 24-ти овој месец.