Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Со традиционалното капење на рибарите во Охридското езеро се заокружуваат Богојавленските чествувања

Со охридска страогратска песна,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше. Овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со охридска страогратска песна,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше. Овој ритуал, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат, бидејќи скокаат од својата најрана возраст.

–“Амбиентот е прекрасен,луѓето се сите весели,сите се познаваат се поздравуваат едни со други и тоа  навистина за денешни услови е прекрасно.Имате друга прилика некаде на друго место да слушнете охридска старогратска песна како тука? А не,овде изворната песна е навистина најубаво да се чуе; Јас прв пат сум на денот за рибарите,за Богојавление имам доаѓано и планот ни беше да си одиме вчера, меѓутоа не убедија охриѓани дека и денешниот ден е исто така многу интересен и затоа останавме, амбиентот е прекрасен”

Со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката.

Реклама

 “Oва за охриѓани значи многу, ова е една традиција која што мора да продолжи понатака,порано до 90-та година не беше,но сега се радуваме на овај ден и едвај чекаме да дојди.Господ да ни е на помош”-вели Крсте Шешов

 За старите еснафски семејства, ова е вистинско доживување за кое со гордост раскажуваат многу анегдоти.

 “Оригинално,ден на рибарите е Перовден Павловден бидејќи Свети Петар бил рибар но на овој ден завршувала забрана за ловење на пастрмка бидејќи во овој период се мрести во езеро. Кога ќе завршел татиљот првото фаќање на риби се крстеле и влегувале во вода да се капат” –вели Љупчо Малов, рибар

Поради истребувањето на ендемичните видови риба, за разлика од едни дамнешни времиња,пастрмка сега нема ни за лек, а не пак за чорба.

“Имаше колку сакаш и евтино беше, денеска не,денеска све е со крадење; Сега само грунци и плашици, тешко е за риба; Како нема риба, каде што има езеро има и риба не е во планина отидена ,туку ноќе рибата излегува и рибарите ноќе излегуваат”

Инаку најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка  22 кг.

Росица Голабоска