Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Пожар во пензионерски дом во кавадаречко – евакуирани сите 30 корисници

Триесет повозрасни лица, од кои петмина неподвижни, се безбедно извлечени по пожарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет повозрасни лица, од кои петмина неподвижни, се безбедно извлечени по пожарот во Домот за стари лица во селото Чемерско, кавадаречко, информира Центарот за управување со кризи.

Пожарот започнал со запалување на оџакот, по што огнот се проширил и го зафатил кровот на објектот. Во моментот на избувнување, во домот биле сместени 30 лица. Благодарение на брзата реакција, сите се извлечени безбедно и ќе бидат пренесени во Општата болница во Кавадарци.

На терен интервенирале 10 пожарникари со три противпожарни возила, додека за дополнителна поддршка биле ангажирани три медицински тима и осум полицајци со две возила.

Реклама

Благодарение на брзата интервенција на сите служби, евакуацијата заврши успешно без жртви или потешки последици.