Реклама
Македонија

Триесет и девет годишниот Томче Голабоски го фати крстот во Струга

Триесет и девет годишниот Томче Голабоски кој за себе вели дека е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и девет годишниот Томче Голабоски кој за себе вели дека е горд стружанец по петти пат го извлече чесниот крст од осветените води на реката Црн Дрим. Овој млад човек кој  за големиот христијански празник Богојавление се капи од најрана возраст,ги претекна останатите капачи.

 Чувството е преубаво. Традицијата треба да се гаи и секој стружанец треба да скока, машко или женско не е важно и треба да трае ова. Бог се јави ,за многу години на сите”- вели Томче Голабоски,фаќач на крстот

На голема радост на верниците,за прв пат од возобнувањето на на Македноската православна црква-Охридски Архиепископија,светиот крст го положи Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Реклама

А јас пак особено сум радосен и благодарен што по светата литургија во Охрид и по положувањето на светиот крст во езерските води, еве се најдов заедно со вас овде покрај недотекливиот Црн Дрим и восхитени од неописливата убавина” –рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

Како никогаш до сегаза големиот христијански празник Богојавление, во осветените води скокнаа стотици капачи кои дојдоа од сите градови на земјава, во надеж дека светиот крст ќе се најде во нивните раце.Најсреќниот стружанец беше даруван од oвогодинешниот кум на црковно народната манифестација со златен крст и икона.

Би посакал да сме пообединети, посложни, посреќни, порадосни заедно сите.Во животот понатака да не водат духовните врености”-рече Ивица Томоски,кум на манифестацијата

По симболичното капење во водите кое значи духовно раѓање, верниците се покрстуваа миејќи се и налевајќи од езерската вода која ќе ја понесат дома.

Обавезно, шишиња си носиме и си го чуваме дома цела година. За здравје, за среќа, за берикет во куќата.

Свечен ручек си правиме, пифтија си правиме, ние ја викаме пача си спремаме за овој ден посебно.

Не, не овде порано женските не скокаа;

Овај ден одвај го чекаме да излезиме;

-Од Франција дојдов јас и прв пат го гледам ова

Стружанецот Коста Хјохи располага со вредни фото и видео матерјали од раните години на минатиот век,тие се доволен доказ вели дека во мултиетничка Струга на овој свет ден заедно се капеле припадници на сите религии не само христијаните.

Тие матерјали се стекнати од добронамерници кои што не сакале да останат во некакви архиви и со тоа да заминат во заборав и ни ги дадоа нам кои што на некој начин се грижиме за нив и сакаме да ги претставиме на идните поколенија како било ,како е како треба да биде кога тие би ги превзеле чествувањетo на Водици”-вели Коста Хјохи- хроничар

Меѓу илјадниците гости, на Водици во Охрид и Струга беа присутни министри како и  претседателката Гордана Силјаноска Давкова.

Инаку во угостителските објекти денес не може да се најде слободно место- се точи ракија и вино, се пејат убави староградски песни.