Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Мерко да се извини за величење на фашизмот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Градоначалникот Рамиз Мерко јавно да им се извини на граѓаните на Струга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Рамиз Мерко јавно да им се извини на граѓаните на Струга и струшко за поставувањето наскандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зградапрепорачуваКомисијата за спречување и заштита од дискриминација. За поставувањето спорна плоча на сегашната општина која претходно беше училишна зграда изградено во 1934 година,објект кој е заштитен како културно наследство од исклучително значење,на 15-ти мај лани, до комисијата за заштита од дискриминација поднеле претставка 39 граѓани на Струга.

„Поставената плоча, испишана на албански јазик, ја глорифицира фашистичката окупација на Струга во 1941 година, од страна на фашистичка Италија и Кралството Албанија. Овој чин предизвика незадоволство и вознемирување кај голем број жители од различни етнички и национални заедници, кои го сметаат за навреда кон споменот на паднатите борци против фашизмот. Oбјектот каде е поставена плочата има историско значење, бидејќи од него произлегле многу ученици, меѓу кои и борци на НОБ.Поставувањето на плочата е оценето како сквернавење на антифашистичкиот дух, кој е универзално прифатен и преминува преку етничките и националните граници“ КСЗД

Од комисијата препорачуваат Мерко во иднина да се воздржи од превземање на дискриминаторски дејствија.За поставувањето на скандалозното обележје Основното јавно обвинителство поднесе обвинение предмет.

Реклама

„Обвинетиот, како градоначалник на Струга, во март, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.“ ОЈО Струга

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период  поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон,стои во соопштението од ОЈО.Рамиз Мерко беше ставен на стоп листа, а одземени му се сите патни и други исправи за преминување на државната граница.Судскиот процес за скандалозната спомен плоча ќе почне на 24 јануари.

Росица Голабоска