Реклама
Македонија

Текстилната индустрија во Македонија има реални шанси за развој

Македонија, природно има низа поволни околности кои можат да обезбедат продуктивен развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија, природно има низа поволни околности кои можат да обезбедат продуктивен развој на домашната текстилна индустрија, иако во изминатите години таа е една од инфлаторски најпогодените индустрии. Но, она што задолжително мора  да се направи е државата да почне да пристапува стратешки и со визија, а компаниите да почнат да работат на своето преструктуирање во сопствено македонско производство, односно во сопствен бренд, смета Ирена Јакимоска како долгогодишен менаџер во текстилната индустрија.

И секако, во иднина да не оставаме да имаме ризик на соработка само со одредена земја…. Ние, на пример, имаме политика на компанијата – не даваме повеќе од 30 посто од нашите капацитети на одредена земја или на одреден купувач, бидејќи тоа би можело да не доведе во ризик. А 30 посто е нешто што можеме секогаш да го надополнимеда можеме да го балансираме и да не ја донесеме компанијата во ризик“, – посочува Ирена Јакимоска, менаџер на Текстилна компанија.  

Исто така, она што би било корисно за опстојот на оваа индустриска гранка е Македонија да има и своја базна индустрија за потребите на конфекционерите. Бидејќи, како што вели Јакимоска, ние имаме врвни модни креатори кои што можат да креираат сопствен македонски производ, со што нашата предност би била многу поголема.

Реклама

Меѓутоа, треба национална стратегија. Не може една компанија самата да отпочне со процес на базна индустрија без поддршка од владините институции, без креирање на политика – што значи тоа базна индустрија, особено да се осврнеме кон природните материјали, нешто што во иднина ќе недостасува многу. И оние кои што ќе бидат први, кои ќе инвестираат во базна индустрија од природни материјали, ќе имаат предност во споредба со другите. Културата на купување гардероба, или културата на пласирање на конфекциските предмети се менува, и во 2025 година ќе претрпи одредени промени“, – потенцира Јакимоска.

Што се однесува пак до хроничниот недостиг на текстилни работници, најмногу заради ниските плати, Јакимоска решението го гледа во континуираното инвестирање во оперативните работници со крајна цел – достоинствено да се живее и од занаетчиската работа – шнајдер. „Ние треба да престанеме да креираме евтина работна сила. Нам ни треба професионална, среќна и мотивирана работна сила со соодветна продуктивност која ќе не’ направи поконкурентни на пазарот“, прецизира Јакимоска.

Каролина Дурло