Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Од денеска ќе се вози по експресниот пат Градско-Дреново

Делницата Градско-Дреново во должина од 15,5 километри и еден километар плус од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делницата Градско-Дреново во должина од 15,5 километри и еден километар плус од делницата Фариш-Дреново, а кои се дел од Експресниот пат Градско-Прилеп, од денеска и официјално се пуштени за сообраќај. Преостанатите 20 проценти од оваа делница, а на кои до септември лани речиси една година ништо не се работело, сега завршени се за рекордно време од само неколку месеци и овој модерен пат е веќе функционален за граѓаните, истакна директорот на ЈП за Државни патишта.

„Не знам зошто, за тие 20 посто во изминатиот период тоа не било завршено. Ние за два месеци, успеавме да го решиме проблемот и да ја откочиме реализацијата на овој навистина значаен пат, со тоа што имаше проблем со една огромна косина и исто така, неасфалтиран дел од тие 20%. Успеавме за изминатиот период од неколку месеци, значи од септември месец, тогаш се реши проблемот, и за неколку месеци сето тоа да го реализираме“, – рече Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Овој современ пат ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп и Битола, но и на сите останати околни општини од Пелагонискиот регион со главниот град. Но исто така, ќе значи и поврзување и со соседна Грција, и со Коридорот 10Д, а тоа значи целосно или автопатско, или експресно поврзување и со граничениот премин Меџитлија, посочи министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Алаксандар Николоски, истовремено, најавувајќи брза реализација и на останатите етапи од изградбата на овој пат, но и од автопатот Прилеп –Битола.

Реклама

Првата голема главоболка со која што се соочив и со која што се соочи Владата е овој извештај за тоа во каква состојба беше изградбата на овој Експресен пат. Работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, гледате како сега прекрасно изгледаат од двете страни на патот, и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој Експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража“, – изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Премиерот Христијан Мицкоски пак, најпрвин изразувајќи огромна благодарност до работниците кои го реализираа овој пат, уште еднаш потсети дека оваа градба, овој пат, е градба која е исклучиво на македонските граѓани, а не на политичарите.

Еве, да им се заблагодарам и на опозициските партии кои што додека беа на власт, во рок од седум години, не успеаа да ја завршат, па мораше оваа Влада, предводена од Коалицијата „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, ја завршија и нека ни е аирлија и со среќа да си ја користат граѓаните“, – порача Христијан Мицкоски, премиер.

Инаку, делницата која денеска се пушти во употреба содржи три клучки – Градско, Росоман, Дреново, четири вијадукти, еден мост, четири надпатници и три подпатници. Вкупната вредност на проектот е 37 милиони и 300 илјади евра, од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА-фондовите, а 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.

Каролина Дурло