Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на Гаши со грчката амбасадорка Софија Филипиду

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на Грција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду. На средбата биле разменети мислења за можностите на унапредување на билатералната парламентарна соработка на сите нивоа, но и за евентуалните потреби од преземање чекори за збогатување на соработката на други полиња од заемен интерес меѓу двете држави.

Како што соопштија од Собранието, амбасадорката Филипиду информираше за актуелните случувања во Грција и постапката за избор на претседател на државата, кој, согласно Уставот, се врши со избор во Грчкиот парламент. Изразила очекување дека по заокружувањето на овој процес, ќе може да се посвети повеќе внимание на отпочнување подинамична соработка со грчките колеги.

-Претседателот Гаши, поздравувајќи го одржувањето на оваа средба, ја искажа својата целосна отвореност за заемни посети со хомолозите од Грчкиот парламент, но и на ниво на комисии и групи за соработка кои во текот на сите изминати мандати, изразуваат интерес за конкретна соработка, особено на поле на европските интеграции, соопштија од Собранието.