Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Снегот оваа зима не ги изненади надлежните, Македонија се чисти, службите на ниво на задачата

Дводневните обилни врнежи од снег очекувано го забавија сообраќојот во земјава, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дводневните обилни врнежи од снег очекувано го забавија сообраќојот во земјава, но не го парализираа. Сите државни патишта генерално се проодни, снегот од коловозите се чисти континуирано, а сообраќајот се одвива во зимски услови со препораки за максимално почитување на условите на патот, уверуваат надлежните. Единствено, на вообичаено најкритичните планински превои, се’ уште има активна забрана за тешките товарни возила. Но, и таму, интензивно се работи за во текот на денов сообраќајот да биде пуштен за сите возила.

Иста е состојбата и на превојот Плетвар, каде во последниве два дена, коловозот редовно се чисти со три специјализирани возила, а посипени се и околу 160 метри кубни мешан материјал од песок и ризла.

„Сообраќајот на Плетвар за лесните возила цело време се одвива без застој, но во зимски услови. Проблеми се појавија само со неколку тешки товарни возила оти немаа зимска опрема, по што и беше воведена забраната за овие возила. Но, се вложуваат максимални напори, во текот на денов, сообраќајот да биде пуштен и за нив, иако временските услови не ни одат многу во прилог, бидејќи постојано вее снег, има силен ветар, а и температурите се неколку степени под нулата. Нашите екипи, цело време се на терен, сепак, најголемата одговорност е на возачите кои мораат да бидат крајно внимателни, посебно на осојничавите места и во клисурите“, – изјави за Алфа, Сашо Цветкоски, раководител на прилепската Подружница на „Македонија пат“.

Реклама

Инаку, според последните информации од АМСМ, сообраќајот во земјава се одвива во зимски услови, по влажни коловози на кои има остатоци од кашест снег. Од попладнево, забраната за тешките товарни возила укината е на Плетвар, и на патниот правец Делчево-г.п.Делчево, но состојбата будно се следи и ќе се реагира согласно временските прилики, бидејќи од утринава снежни врнежи со променлив интензитет се бележат низ целата држава. 

Се’ уште активна забрана за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Струмица-Берово, Тетово-Попова Шапка (каде за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема), потоа Струга- Ќафасан, како и на Пресека и на Ѓавато. А посебна внимателност при возењето се препорачува и на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево каде се можни одрони на патот, информираат од АМСМ.

Каролина Дурло