Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Бизнис

Алфа анализа: Оптимизам и надеж кај бизнисмените за позитивна економска клима во 2025 година

Бизнисмените во новата година влегоа со поголема доза на оптимизам, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисмените во новата година влегоа со поголема доза на оптимизам, но и со очекувања за подобра деловна клима и даночна предвидливост. Во 2025-та година остануваат истите предизвици – борба со корупцијата и со нелојалната конкуренција, борба за поголема продуктивност и за забрзан развој. Планираат нови инвестиции и раст на производството. За нив, во вистинско време доаѓаат 250-те милиони евра од унгарскиот заем. Без овие пари за кои ќе можат да аплицираат под исклучително поволни услови, нивните планови тешко ќе можеле да се реализираат.

Бизнисот се надева дека новата власт конечно ќе стави ред и ќе се намали сивата економија што достигнува енормни 40%. Задоволни се од наплатата на приходи во втората половина од минатата година. Очекуваат дигитализацијата и воведувањето на е-фактура делумно да ја сузбијат нелојалната конкуренција која не ја полни државната каса.

За бизнисот ветер во грб се и најавените капитални инвестиции. Изградбата на патишта, пруги, гасоводи и тоа како треба да го забрза протокот на стоки и да им ги намали трошоците.

Реклама

Сепак, во минатото беа сведоци на слаба реализација на планираното. Бизнисот бара поголема одговорност од оние кои ги кочат проектите.

На стопанството му недостигаат околу 10.000 работници годишно, а најпогодени сектори се градежништвото и туризмот. Бизнисмените очекуваат новиот закон за средно образование да реши дел од проблемите со кусокот на кадар, со форсирање на дуалното образование.

Годинава бизнисмените ќе им даваат и повисок минималец на работниците, потег кој неминовно ќе повлече и зголемување на останатите плати во земјава. Дел од коморите велат дека без проблем минималната плата може да се покачи и на 500 евра, под услов да се намалат дел од придонесите. 2025-та почнува со проекција за раст од 3.7% и инфлација од 2,2%. Желбите за годинава конечно треба да се остварат – подобра инфраструктура, поажурна администрација, повеќе кредити за фирмите, повисок животен стандард за граѓаните.

https://www.youtube.com/watch?v=bvdiJkKg51Q