Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Новиот закон за нефер трговски практики ќе ја заштити потрошувачката моќ и ќе ги регулира цените

Имплементирањето на новиот Закон за нефер трговски практики ќе го заштити животниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имплементирањето на новиот Закон за нефер трговски практики ќе го заштити животниот стандард на граѓаните, ќе го намали форсирањето на странските, на штета на домашните производиа, а истовремено ќе стави ред во односите на производителите и добавувачите, со трговците. Со законот  до 10% ќе се ограничат надоместоците за складирање, реклама, маркетинг, персонал, наспроти досегашната пракса која била 20, 30 па можеби повеќе отсто, што индиректно ја зголемувало и малопродажната цена на производите.

   „Меѓутоа сега се ограничени и остануват да работат и придонесите не ги  надминат  процентите од  10% во тековната година, што е добро бидејќи на подолг рок со овој Закон нормално ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите, граѓаните, заштита на животниот стандард, а од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи, во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос, пред се на маркетите„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

 Дали Законот за нефер трговски практики, се применува главен контролор ќе биде Комисијата за заштита од конкуренција. Таа ќе може да поведе прекршочна постапка доколку се прекрши било која одредба. Во мониторинг периодот кој беше даден до 1јануари регистрирани се 26трговски нефер практики.

Реклама

  „Имаме различни дојави. Има одредени проблеми околу поврат на роба, во маркетингот, некаде дури се имат појавено и два ценовници. Сето тоа треба да го испита КСК и по Законот за нефер трговски практики да постапи„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Во зависност од прекршоците ќе се движат и казните. Глоба за најтежок прекршок ќе изнесува и до 20.000евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице . Казните за полесните прекршоци ќе зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице