Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Прилеп ја доби новата мала жителка Стефани по неполни шест часа од новата 2025 година

   Плодна и бериќетна година за Прилеп. По неполни шест часа од Новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Плодна и бериќетна година за Прилеп. По неполни шест часа од Новата година, рано утрово, со царски рез, во прилепската болница се роди малата Стефани, која е и првиот нов жител на Прилеп, но и прва рожба на младата 22-годишна мајка Ангела Јанеска.

   „Чувството е прекрасно. Сеуште сум млада, збунета, но ќе се навикнеме. Нашата порака до сите мајки е да бидат пресреќни, бидејќи ова е незаменливо нешто, најубава чувство на светот“, – кажа младата мајка Ангела Јанеска.

  „Првото бебе во новата 2025 година се рпди во 5.47 часот, по оперативен пат, значи со царски рез. Се породи живо женско дете 3.310 грама, со добар АБГАР-скор. И мајката, и бебето се со добра општа состојба“, – изјави д-р Гоце Оропан, гинеколог-акушер.

Реклама

  Традициинално, првороденото бебе го посети и градоначалникот, кој освен што им посака добро здравје на мајката и ќеркичката, им подари и пригодни подараци.

  „Нашата Локална самоуправа, заедно со Советот идоделивме на мајката штетдна книшка и прикладен подарок за еден нормален почеток во одгледувањето и растењето на малата Стефани“, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  Инаку, новогодишната ноќ, во Прилеп главо поминала мирно, во која здравствените работници, за среќа, немале зголемен обем на работа.

  „Во прилепската болница немало некои позабележителни интервенции, нема сообраќајни незгоди, нема повредени со петарди и немаме пациенти во тешка алкохолизирана состојба“, – вели д-р Кире Јоноски, директор на ЈЗУ Општа болница – Прилеп.

 Што се однесува пак, на бројот на породувуња во прилепската болница, споредено со претходната година, годинава тој бил во благ пораст со 455 породувања. Од болницата се велат дека тоа е добар знак и очекуваат дека тој број во иднина ќе расте уште позабрзано.

Каролина Дурло