Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

2025 година ќе биде машка – првото бебе се роди на ГАК во Скопје

Јаков е првото бебе родено во 2025, но и прва среќа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јаков е првото бебе родено во 2025, но и прва среќа во семејството Догазански. Малиот јунак дојде на свет во првата минута после полноќ и е најубавиот новогодишен подарок за неговите родители. 32 годишната Сања Талевска Догазанска го родила Јаков со царски рез, со тежина од 3 килограми и 190 грама. А ноќта со неа своите рожби ги добиле уште пет мајки. 

За докторите од ГАК, ова е знак дека нѐ чека убава година.

“Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна Им посакувам на Сања и Јаков да имаат среќни и успешни мигови”, рече директорката на Клиниката Ирена Алексиоска Папестиев.

Реклама

Неколку секунди по Јаков, се роди и женско бебе во болницата Чаир. Аја е второ дете на нејзините родители, родена 3.110 грама со 50 сантиметри.

За многу рожби и среќни родители треба и добра стратегија за пораст на наталитетот порачаа надлежните.

Јаков и Аја освен министрите ги посетија и сопругата на премиерот – Рози Мицкоски. И жената на министер Таравари. Двете бебиња добија по два златника, едниот подарок е од Министерството за труд, другиот од семејството на претседтаелот на Владата – Мицкоски.