Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Сите кои го прекршиле законот и се доушници, ќе бидат извадени од дупките и ќе одговараат како глувци

Кртовите во институциите, кои оддаваат службени тајни за полициски акции и сакаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кртовите во институциите, кои оддаваат службени тајни за полициски акции и сакаат да ги заштитат криминалните банди се последица на седумгодишното владеење на оската СДСМ и ДУИ и седодека има рецидив од таквото управување, ќе се појавуваат кртови. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите кои го прекршиле законот и се доушници на криминалците ќе бидат извадени од дупките и ќе одговараат како глувци.

Кртови ќе се појавуваат уште некое време сè додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со институциите на претходната Влада, претходната коалиција. Но, тие кртови ќе бидат пронајдени и извадени од дупките од коишто се кријат и како глувци ќе одговараат, изјави Мицкоски.

Полициски акции. Кртови ќе се појавуваат, се додека имаме рецидиви од седумгодишното управување на претходната коалциија, но тие кртови ќе бидат пронајдени, извадени од дупките што се кријат, и како глувци ќе одговараат

Реклама

Oваа реакција на премиерот доаѓа откако вчера, Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведено службено лице поради истекување информации за акцијата против криминалната група „Беланоца-Барон“.

Со молскавична брзина се прошири информацијата дека се работи за синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Назим Буши од ДУИ. Ќерим Буши синоќа беше приведен на распит поради оддавање службена тајна. Тој се сомничи дека пред десетина дена ја пробил акцијата за апсење на припадници на скопските нарко картели.

Со цел да се испитаат ваквите индиции, на 28.12.2024 година, едно лице беше спроведено во полициска станица. Заради постоење на основи на сомневање дека е можен сторител на кривичните дела Оддавање службена тајна и Злосторничко здружување со него е извршен службен разговор. По разговорот лицето е пуштено на слобода, а по насоки на јавниот обвинител му е одземен мобилниот телефон со цел со понатамошна дигитална обработка на телефонските податоци да се потврдат индициите за евентуално стореното дело, информираа од ОЈО ГОКК.

На 16 декември обвинителството отвори истрага против 18 припадници на скопското подземје кога полицијата ја растури најзвучната криминална банда „Беланоца/Барон“, со што се расчистија осум убиства кои биле сторени изминативе години.

Кртот од МВР 10 минути пред акцијата, им дојавил на криминалците да бегаат ама се спаси само еден. Помладиот Буши, Ќерим, чиј татко беше заменик министер на Спасовски, оддал службена тајна на кланот од Арачиново, но не заврши зад решетки бидејќи обвинителот не побара притвор за него.

Инаку, само во периодот од февруари до ноември годинава поднесени се 33 кривични протијави против 80 вработени во МВР, најчесто за злоупотреба на службената положба.