Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Алфа ексклузивно: Јован Деспотовски остана без пасош

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори на Алфа ТВ, оформен е предмет против Деспотовски за проневера на два милиони евра во развојните зони во Штип и Струмица.

Тој денеска доброволно дошол во судот и ја кажал својата одбрана. Од судот за Алфа потврдија дека на Деспотовски му е одземен пасошот на барање на обвинителството и тој ќе мора навреме да се јавува во Кривичен заради мерки на претпазливост.

Алфа го контактираше Деспотовски кој рече дека како поранешен  директор на Фондот за иновации, па подоцна и како директор на ТИРЗ редовно соработува со институциите.

Реклама

Вели дека неколкупати бил повикан на информативен разговор во врска со неговата работа, но тоа го смета за транспаретност од негова страна. Не спомена за што конкретно бил повикан во суд на последниот разговор.

„Отворено се шират дезинформации и се нарушува угледот. Јас како човек прво секогаш сум бил достапен за сите институции и посебно за медиумите и лично ме повредува дека дел од медиумите не се охрабрија прво да се јават, да ја проверат информацијата пред воопшто да се објавува било што. Веќе од понеделник ќе си отворам постапка соодветна за заштита на угледот што го имам такашто , мислам јас сега нема да застанам на ова поврзано со информациите што се објавија. Целта беше очигледно да се извалка моето име, што повторно ќе кажам нема да го дозволам. За останатите работи институциите си ја работат својата задача. Секогаш кога сум бил прозван и сега и претходно за моето работење, сум кажал дека за сите работи сум достапен и со задоволство би појаснил, меѓутоа тоа сепак да биде во некоја нормална постапка, без еве вакви ситуации коишто се случуваат сега. Сум бил повикан, не е тоа ништо спорно, но тоа е многу далеку од ова што се објави денеска, затоа и ме чуди од каде е излезена баш сега предимензионирана информација, но не бил коментирал ништо за постапката, затоа што мислам дека навистина коректно си ги водат постапките институциите и не би сакал на нив да им се нафрла било што, па целава оваа ситуација очигледно е непрофесионализам“ – вели Деспотовски во изјава за Алфа ТВ.

И обвинителството потврди дека има отворено постапка против Деспотовски, но детали не откриваат.

„Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“ соопштија од Обвинителството.