Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Д-р Цана:Мали се шансите за пренос на мајмунски сипаници во Македонија, но граѓаните да бидат внимателни

Случајот со мајмунски сипаници во соседно Косово не претставува закана за Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со мајмунски сипаници во соседно Косово не претставува закана за Македонија – уверува инфектологот Фадил Цана.Тој смирува и не ја оправдува  паниката кај граѓаните од ширење на заразата, затоа што случајот со заболениот пациент во Приштина е изолиран, станува збор за човек кој работел подолго време во странство и се претпоставува дека се заразил во друга земја. Цана потсетува дека кај нас досега нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а доколку се појави, вели дека земјава има стручњаци добро запознати со болеста.

Според директорот на Инфективна, во моментов загрижува податокот што недостасува голем број на пресонал во оваа клиника. Повеќе од 100 вработувања и тоа на лекари, медицински сестри, болничари,транспортери и административен персонал се потребни за оваа здравствена установа.

Прашање е што ќе се случи доколку има некоја нова пандемиска закана? Цана вели дека инфектолози нема доволно на ниво на држава бидејќи младите доктори не сакаат специјализација за заразни болести

Реклама

И додека се алармира за итна потреба од вработувања во одредени клиники и болници, надлежните најавија дека јавното здравство најдоцна до март ќе се зајакне со 1200 нови здравствени работници. Од Влада велат дека филтерот за вработувањата е поминат, сега се е во рацете на директорите на јавните установи, да направат реорганизација колку и каков персонал им е најпотребен.