Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Предновогодишна еуфорија со Новогодишниот базар во Прилеп

Како одминуваат последните денови од оваа веќе изветвена 2024 година, така расте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како одминуваат последните денови од оваа веќе изветвена 2024 година, така расте предновогодишната еуфорија и во градот под Марковите Кули. На платото под вековниот симбол на градот – Градскиот саат, од денеска, па во наредните три дена, по втор пат, се одржува Новогодишниот базар. Интересот огромен, на задоволство и на граѓаните, но и на излагачите.

 „Годинава имаме многу поголем број на изложувачи, околу 30. Има од домашни преработки, сувомесни производи, мед, сирење, декорации, украси…Бенефитот е тој што малите производители можат да се промовираат тука, дома. Најчесто производителите ни се од Прилеп, од околните градови, Кавадарци, Неготино..Овие производи ни се посебни, направени се со повеќе љубов, повеќе труд е вложено во нив“, – рече Тодорка Наумоска – Димески, претседател на „Слоуфуд“, Прилеп.

 „Она кое што сите го очекуваа и бараа, се надевам ќе излезе во пресрет на потребите на нашите граѓани. Овде има изложено производи кои што самите производители ги нудат на консументите“, – кажа Гоце Бумбароски.

Реклама

 „Голема е користа затоа што ова е единствена можност да ги промовираме нашите производи“, – посочи Гоце Станоески, производител од „Сарика Винарија“.

 „Изработувам рачно накити од полимерна глина и смола. Изработувам илустрации, постери, торби, маици…И се надевам дека ќе ги следиме европските трендови на новогодишни базари“, – кажа Ема од „Урбен Ера“.

  Новогодишниот базар, како лани, така и годинава е поддржан од Општина Прилеп. Интенцијата на локалните власти е оваа манифестација да прерасне во традиционална.

  „Нашите производители ги изложуваат и своите производи, интересни работи кои исто можат да послужат како новогодишен пидарок. Збогатена е програмата  со многу забава, музика, расположение, детско катче, тука ни е и Дедо Мраз за најмчадите. За секоја генерација има интерсни моменти“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  Од ЛС најавуваат и богата новогодишна програма во очи на Новата година која ќе се одржи на Градскиот плоштад со настап на неколку познати музички артисти, а ќе има и други новогодишни содржини наманети за сите генерации.

Каролина Дурло