Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Ристески: Владата ги исполнува клучните ветувања дадени во предизборниот период, правда мора да има и ќе има

На вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ na Тв24 присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ na Тв24 присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој дискутираше за бегството на поранешниот вицепремиер од ДУИ, Артан Груби.

Ристески се осврна на тоа дека сите овие случувања кои ги гледаат граѓаните биле дел од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и тие се одвиваат и спроведуваат токму така како што било ветено.

„Најважно е она што се случува како Влада, она што Владата го спроведува, едно од клучните ветувања во предизборниот период на ВМРО-ДПМНЕ беше дека правда мора да има и ќе има, дека ќе објавиме војна на криминалот и корупцијата и тоа и се случува во моментот“, рече Ристески.

Реклама

Ристески објасни како дел од бившите владини функционери биле замешани во нелегални активности, и потенцираше дека не би било зачудувачки доколку листата на бивши функционери од претходната влада кои правеле криминал биде проширена.

„Гледаме дека голем дел од бившите владини функционери и тоа како биле замешани во нелегални активности криминал, корупција и од државниот завод за ревизија можевте да видите голем број на пропусти на незаконско работење така да таму каде и да се чепне ќе има причини за поведување на кривични постапки и нема да да бидам изнендаден доколку и многу други владини функционери, директори, министри од минатата влада бидат изнесени пред лицето на правдата“, објасни Ристески.

Пратеникот посочи дека граѓаните се задоволни од сето тоа што се случува со ловењето на криминалот и корупцијата и дека токму поради вакавото ветување тие добиле доверба од страна на народот.

„Ова што сега се случува граѓаните гледаат и знаат и најновите анкети тоа и го покажуваат, онаа за што добивме доверба како политичка партија на изборите тоа и го спроведуваме“, рече Ристески.

Ристески се обрати до пратеникот од Европскиот фронт, Демири, и повика да се врати Груби и да се соочи со лицето на правдата, исто така нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија го започнала овој процес и дека тој ќе се одвива до крај.

„Вашиот претседател на партијата Зијадин Села се огради и го повика Артан Груби да се врати, да си ја докаже невиноста во Македонија, јас очекувам и вие тоа да го направите а не да кажете дека немате доволно информации, ако е невин нема потреба да бега. Ние како политичка партија го отпочнавме овој процес и овој процес ќе го тераме до крај, Артан Груби е на потерница и на црна листа тоа значи кога и да е ќе дојде и ќе одговара за она што го правел во Македонија“, дециден е Ристески.