Реклама

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Македонија

Зголемен е бројот на пациенти на листата за трансплантација, Министерството за здравство ќе го зголеми буџетот за операции

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 29 годишна возраст.Сретствата кои се издвојуваат во програмата за трансплантација е десеткратно помала во однос на парите кои се издволуваат на пример за ХИВ позитивните,односно сидата која повеќе не се смета за смртоносна болест.

„Навистина е поразително кога слушаме дека за разни маргинализирани групи се даваат 90 милиони денари,за превенција од болеста односно за купување на презервативи,лубриканти и други сретства за сексуално општење,а една голема група на пациенти кои што не по нивна причина и воља се нашле во една тешка состојба да им треба орган за трансплантација а целата програма за трансплантација е финансирана со 9 милиони денари” вели Васко Јолески,претседател на здружнието “Храбро срце”

Стотина пациенти во Македонија со години чекаат за трансплантација на органи. Дваесеттина се на листата за трансплантација на срце, петанесеттина за црн дрб,а дури 47 за бубрег,најмаладите од нив се на 16 односно 17 годишна возраст.Од министерството за здравство велат дека е зголемен буџетот за оваа немена.

Реклама

„Програмата за трансплантација до сега функционираше во рамките на буџет од 9 милиони денари, кој согласно потребите се дополнуваше со ребаланс во текот на годината. За 2025 година буџетот е зголемен за 3 милиони денари и изнесува 12 милиони денари. Доколку активностите ја надминат утврдената сума, секогаш постои можност буџетот да се зголеми“, велат од Министерство за здравство

Пациетите со механичка потпора на срце секојдневно и гледаат на смртта во очи, само последнава година починаа шест.Од ресорното министерство добиле ветување дека по нова година ќе го остварат правото на бесплатна партиципација-одлуката која е донесена пред скоро една година.Но тие плаќаат и големи суми за терапија стара повеќе од половина век, која одамна не се употребува никаде во светот.Затоа молат при следното ревидирање на позитивната листа на лекови,да се стави за нив толку потребниот лек ентресто кој пред 6 месеци го регистрираше Агенцијата за лекови Малмед. Од здружението  “Храбро срце” со апел до министерот Тарвари час поскоро да се направи првата трансплантација за замена на вештачка пумпа со срце од донор.

Росица Голабоска