Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски со честитка за Божиќ: Моралните, семејните и духовните вредности се наша водилка за иднината

Достоинство, обединување, фокус на вистинските вредности, среќа и желба Македонија да стане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Достоинство, обединување, фокус на вистинските вредности, среќа и желба Македонија да стане подобро место за живеење – државно-политичкиот врв им го честиташе Божиќ на верниците од католичка веродисповед. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика да го чуваме и почитуваме достоинството за да бидеме и самите достоинствени и почитувани.

„Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината“ вели Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на државата

На граѓаните празникот Божиќ, кој католиците и дел од православните верници го слават според Грегоријанскиот календар им го честиташе и Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши.

Реклама

„Овој празник нè повикува да размислуваме за заедничките вредности на солидарноста, толеранцијата и соживотот – вредности кои нè обединуваат како општество и нè водат по патот на единството“ вели Африм Гаши, претседател на Собрание

Честитка испрати и премиерот на државата, кој во негово име и во име на Владата вети дека ќе работат Македонија да биде подобро место за живеење.

„Нека нашата Татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и најважно – држава со повеќе среќни граѓани... Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее срцето на секој верник и сограѓанин“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на граѓаните им посака со добра мисла да ги дочекаат божиќните и новогодишните празници.

„Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други“ вели Венко Филипче, лидер на СДСМ

Честитки по повод празникот упатија министри, пратеници, градоначалници, функционери, партии и организации.

Давид Крстевски