Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски во ООУ „Кузман Шапкарев“: Реновирање за подобри услови и едносменска настава

​Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети основното училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево, каде е во тек санација на 11 училници, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата за 643 ученици од прво до деветто одделение.

Во рамките на санацијата, која е со вредност од 1.250.000, 00 денари, обезбедени од буџетот на општина Кисела Вода, се опфатени активности за реновирање на подови на површина од 360 квадратни метри.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна важноста од модернизација на образовните објекти и обезбедување оптимални услови за учениците:

Реклама

-Со завршувањето на планираните активности, училиштето „Кузман Шапкарев“ ќе добие подобрени просторни и функционални капацитети, што директно ќе придонесе за квалитетот на образованието и удобноста на учениците и наставниците. Со оваа санација, во комбинација со доградбата на две нови училници, која веќе е завршена, и планираната доградба на уште три, создаваме предуслови за учениците од ООУ “Кузман Шапкарев” да посетуваат настава само во една смена. Ова е една од нашите најважни цели – децата да учат во подобри услови, без пречки и со можност за целосна реализација на наставниот процес. Едносменската настава значи повеќе време за воннаставни активности, спорт, дружење и семејство, и наскоро ќе биде реалност во сите основни училишта на територијата на Општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.