Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

250 милиони евра од Унгарскиот кредит за бизнисот ќе бидат достапни по празниците

250-те милиони евра од унгарскиот кредит ќе им бидат достапни на македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

250-те милиони евра од унгарскиот кредит ќе им бидат достапни на македонските компании најдоцна до февруари. При крај се финалните подготовки за прецизирање на условите под кои ќе може да се добијат позајмиците.

“Оваа кредитна линија ќе стане апликативна и достапна после празниците. Да не спомнуваме датуми бидејќи се работи за период кога има многу неработни денови, но очекуваме после новогодишните празници да се заврши” изјави Нина Нина Недановска, заменик претседател на управен одбор на Шпаркасе Банка.

Реклама

Компаниите се задоволни. Велат дека со поволниот кредит ја подобрат ликвидноста и ќе влезат во нов инвестициски циклус.

“Нас како бизнис многу пати сме искоментираме дека ни требаат тие финансии и конкретно сум посочил дека производните компании се есенција во нашето општество и дека носат додадена вредност и таму треба тие кредити да се насочат. Очекуваме во таа област ќе биде клучна. Ќе го потенцирам фактот дека се проби мразот и дека конечно имаме 15 години рок на плаќање” изјави Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на сојузот на стопански комори.

“Мислам дека само најавата на 250 милиони евра за бизнис заедницата дава дознаење до банките да се намалат каматните стапки кои беа до сега високи” изјави Менди Ќура, од стопанската комора на севропзападна Македонија.

Компаниите ќе мора да учествуваат со најмалку 20% во пректот. Тоа значи дека за  10 милиони евра, 2 милиони ќе бидат сопствени средства а 8 милиони кредит. На овој начин треба да се поттикнат повеќе инвестиции. Економистите очекуваат тоа позитивно да влијае на растот на БДП и на поттикнување на вработеноста.

“Јас мислам дека никој не изгуби, напротив добија сите, банките добиваат нови апликанти за кредити од сите гранки кои што можат да донесат раст на БДП од 3,7% како што проектиравме и раст на среден рок од 5%” изјави универзитетскиот професор Синиша Наумовски.

Каматата што ќе ја плаќаат компаниите ќе биде фиксно 1,95 проценти, со грејс период од три години и рок на отплата до 15 години.

Даниел Ѓорѓевски