Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Промената на уставот не е единствениот услов за влез во ЕУ – Мицкоски бара гаранции од европските пратеници

Промената на Уставот и внесувањето на бугарското малцинство без да добиеме гаранции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промената на Уставот и внесувањето на бугарското малцинство без да добиеме гаранции е само краткорочно решение. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека ниту милиметар нема да се помести од позициите што ги има владата во однос на непопустливоста кон Бугарија и Европската унија да знае дека веќе нема да се разговара за идентитетски прашања.

Тој предложи во Европскиот Парламент да се изгласа резолуција за Македонија, за да се види дали уставните измени се единствениот проблем,  но и какво ќе биде однесувањето на дел од пратениците од европскиот парламент доколку го признаат постоењето на многувековниот македонски идентитет и многувековните корени на македонскиот јазик.

Не водиме дипломатија со скриена агенда. За национална стратегија, подготвени сме. Ние уштге кога бевме опозиција бевме подготвени. Но тоа што некој немал слух и одлучил наивно да ги води процесите наспроти интересите на државата тоа е друг проблем. Нема да се поместиме ни чекор. Ајде да видиме дали проблемот е само уставните измени. Ајде во Парламентот поднесете резолуција со која ЕП ќе изгласа дека постои многувековен македонски идентитет и дека мојот мајчин македонски јазик има многувековни корени. Тогаш ќе видите како ќе се однесуваат некои европски пратеници, порача Мицкоски.

Реклама

За време на дводневната посета на Брисел Мицкоски на соговорниците им порача дека Македонија сака да биде од ЕУ, но без удар кон македонскиот идентитет. Додека Македонија го има како проблем билатералниот спор со Бугарија, од европските лидери стигнува порака дека проширувањето ќе се темели на заслугите и реформите. Мицкоски се сретна и со техничиот премиер на Бугарија Главчев кој го пофалил говорот на македонскиот премиер, но и му рекол дека во бугарскиот парламент сите биле против него.

Едноставно по завршувањето на работната сесија, ако тоа се смета за состанок, на излегување ме поздрави и ми кажа дека сум имал одличен настап, одличен говор ид ека на тој начин треба да се градат односите меѓу двете земји. Јас на тоа одговорив, одлично ајде во скора иднина да ја кренете рампата да преговараме и на тоа добив одговор, абе знаеш во нашиот парламент сите се против вас. Еве отприлика ова беше разговорот, ако ова е состанок, ова е го цитирам неколкуте реченици кои ги разменивме, порача Христијан Мицкоски.

Патувањето на Скопје по трнливите стази до Брисел ја чинеше Македонија промена на знаме, име, банкноти. Направивме многу отстапки – затоа, според Мицкоски, време е да се стави крај на фрустрацијата што ја имаат македонските граѓани и земјава веќе да не биде жртва на билатерални прашања кои задираат во македонскиот идентитет.