Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Откупот на тутнот тече без проблеми, по досега највисоки цени

По постигнувањето на историски највисоката откупна цена на тутунот, која заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По постигнувањето на историски највисоката откупна цена на тутунот, која заедно со субвенциите достигна до 500 денари за килограм тутун – прва класа, откупот тече со забрзана динамика и досега се откупени околу 80 проценти од годинашниот род. Забелешки за текот на откупот немаат ниту инспекорите кои постојано се на терен, а и исплатата се врши без застој, согласно Законот, односно за една недела од преземањето на родот. Ова го изјави денеска ресорниот министер Цветан Трипуновски кој изврши обиколка на неколку откупни пунктови во прилепскиот регион.

„Согласно податоците кои што ги добивме од Земјоделскиот инспекторат до вчерашниот ден се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 ден. и истиот се исплаќа со тековна динамика, односно досега, согласно податоците исплатен е околу 78%. Мислам дека со ваквата динамика, многу брзо од денеска ќе го завршиме откупот на тутун на задоволство и на тутунарите, и на компаниите…Процесот на откуп се одвива во една нормална динамика, без одбитоци и според оној квалитет кој што го имаме на самиот терен, дозволува целиот процес да се одвива без забелешки и без проблеми“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за замјоделство.

Од текот и динамиката на откупот, а особено од постигнатите цени и редовната исплата за оваа реколта, задоволни се и тутунарите. Нивните очекувања се дека откупот ќе заврши многу порано од законски предвидениот рок кој е до 28 февруари. Но, најавуваат и дека веднаш по Нова година ќе ги продолжат преговорите со сите надлежни субјекти за наредната производна сезона.

Реклама

„Апсолутно нема поплаки, и ние сме задоволни од динамиката на откупот, самото предавање на тутунот, немаме поплаки ни од компаниите, ни од тутунпроизводителите. Исплатата се врши со тоа што 80 посто е исплатено, а дел од компаниите ја имаат исплатено и доплатата од тие 25 денари“ – кажа Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

Министерот Трипуновски, најави и дека веднаш по Нова година ќе се продолжи со работата за додефинирањето на се’ уште отворените прашања во врска со измените на Законот за тутун.

Каролина Дурло