Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Со самото тоа што Груби е бегалец и не е достапен на органите на прогонот самиот потврдува дека е виновен

Апсолутно, Артан Груби и сите оние за кои што постои основано сомневање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апсолутно, Артан Груби и сите оние за кои што постои основано сомневање дека сториле криминал, треба од страна на обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка врз основа на доказите и обвинението, а обвинетиот да докаже во судска процедура дека е невин. Така би требало сето ова да функционира. Со самото тоа што некој е бегалец и не е достапен на органите на прогон, тој или таа само утврдува дека е виновен, односно дека постои вина, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во денешното интервју за централниот дневник на МТВ.

Мицкоски посочи дека обвинувањата на опозициската СДСМ дека наводно Груби е пуштен да замине, рече дека ова за многу брзо ќе биде демантирано, бидејќи како што рече заложбата на Владата е да има правна држава во која ќе има одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Кај опозицијата посебно кај СДСМ јас гледам еден проблем кој што можеби Фројд го има најдобро дефинирано со потсвеста, и сега нивната политика која што во моментот на таа тема е фројдовска и има проблем со нивната лична потсвест е збунувачка во јавноста, бидејќи ако кај нив работи потсвеста и деминисенција прават на некои минати времиња кога со планови итн бегалците од правдата ја напуштаат државата, па сега тоа го проектираат според нивната оптика денес, мислам дека е погрешна порака, која што многу брзо ќе биде демантирана, рече тој.

Реклама

Ние, ова го правиме во името на нашата заложба да имаме правна држава и да има одлучна борба против криминалот и корупцијата, и добро е што граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка. Јас не очекувам раководството на СДСМ или другите опозициски партии да излезе и да аплаудира да каже браво успешно завршена акција. Тие ќе продолжат со измислици, со монтажи, конструкции итн, важно е чувството на надеж дека се враќа и тоа го гледаме кај анкетите. Не велам дека е брилијантно, не велам дека ние чуда направивме за 6 месеци, чуда се невозможни, дециден е Мицкоски.