Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски од Брисел: Никој нема право да го оспорува македонскиот национален идентитет

„Никогаш веќе да не се разговара за историски прашања кои задираат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Никогаш веќе да не се разговара за историски прашања кои задираат во македонската особеност, никој нема право да го оспорува македонскиот национален идентитет“ – премиерот од срцето на Европската унија порача дека Македонија го заслужува своето место на масата во Брисел, меѓу народите кои споделуваат исти вредности и визија.

Досегашната дипломатска офанзива која се покажува како успешна и позитивните пораки што Македонија ги слушна периодов од Брисел ветар во грб за владината делегација која пред европските челници ги претставува предлог решенијата за откочување на евроинтегративниот процес и отворање на првиот кластер..

Да испратиме порака дека Македонија го заслужува местото во ЕУ, на истата маса заедно со нив бидејќи ние споделуваме исти вредности, веруваме,и тоа е да бидеме обединети во различностите. Состанок со Каја Калас, разговаравме за сите стравови како држава и народ ги имаме и се она што направивме во име на евроспките вредности и веќе никогаш не смееме да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, никој нема право да го оспорува нашиот многувековен идентитет, порача Мицкоски од Брисел.

Реклама

На Самитот ЕУ – Западен Балкан Мицкоски го придружуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.+

Најавувајќи средби со шпанскиот премиер и премиерот на Полска Мицкоски изјави дека таму се да ги бранат македонските интереси и македонскиот идентитет.

Тој на сите соговорници ќе им го посочи планот за надминување на проблемот со Бугарија – уставни измени со одложено дејство, што ќе ја заштитат Македонија од понатамошни блокади од источниот сосед.

Во меѓувреме поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, со критички изјави кон неговата земја. Вели дека Бугарија ја изгубила моќта и позицијата во НАТО и Брисел, за важни прашања меѓу кои и за евроинтегративниот пат на Македонија. Борисов најави учество на самитот ЕУ-Западен Балкан и средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека преговорите за нова влада во Бугарија сè уште се во тек.