Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: Заштитата на градското урбано зеленило е наш приоритет

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски беше дел од првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски беше дел од првиот форум на тема „Злоупотреба на урбано зеленило за згради“ кое беше организирано од здружението „Зелен институт“ во соработка со ТВ Телма.

На форумот на кој се дебатираше за примената на Законот за урбано зеленило и девијациите што настануваат во урбанистичкото планирање и градење, вклучително и потенцијалните коруптивни активности, учествуваа и панелисти од Асоцијација на архитекти, раководителот на проектот „Зелен институт“ и како и претставник од граѓанскиот сектор.

-Чест ми е што имав можност да учествувам на овој значаен форум, кој ја отвора клучната тема за заштита на урбаното зеленило како витален ресурс за квалитетот на живот на нашите граѓани. Урбанизацијата не смее да биде на сметка на природата, туку напротив, мора да создава хармонија помеѓу инфраструктурниот развој и зачувувањето на зелените површини. Како градоначалник на Кисела Вода, сакам да ги споделам позитивните искуства и мерките што ги презедовме за ова прашање.

Реклама

На самиот почеток од мандатот, направивме темелна ревизија на сите урбанистички планови и ги поништивме оние што беа незаконски и ќе доведеа до прекумерно градење. Примената на новиот Закон за урбано зеленило, кој предвидува минимум 20% зеленило на секоја градежна парцела, во нашата општина е задолжителна. Оваа одредба се контролира од страна на нашите инспектори при секоја издадена дозвола за граадба, а на неа ќе се инсистира и во новите урбанистички планови што ги носиме, бидејќи зелениот простор е основа за здраво урбано живеење.

Во изминатите три години, со изградба на седум паркови и 13 спортско-рекреативни центри, значително ја зголемивме зелената површина во Кисела Вода, добивајќи дополнителни 80.000 м² зеленило.
Дополнително, поставивме прочистувачи на воздух во училиштата и парковите, како и мерни станици за квалитет на воздух, кои обезбедуваат континуирано следење на состојбата. Посебен успех за нас беше меѓународниот конкурс за урбанистичкиот план на Расадник, каде што победничкото решение вклучи шума од 100.000 м², а не 99 згради како што предвидуваше решението на мојот претходник. Ова е јасен доказ за тоа како заедно можеме да создадеме одржливи урбани решенија.

Транспарентноста е исто така еден од нашите приоритети. Сите детални урбанистички планови се јавно достапни на ГИС порталот на нашата веб-страница, овозможувајќи на граѓаните активно да учествуваат и да ја следат урбаната динамика. Ова се само дел од мерките со кои докажуваме дека Кисела Вода може да биде пример за тоа како се зачувува зеленилото и се создава урбана средина што ги става граѓаните и природата на прво место. Верувам дека само со заеднички заложби можеме да спречиме понатамошна злоупотреба на урбаното зеленило и да создадеме поубава и позелена иднина за сите, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Форумот е во рамките на проектот “ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“, кој се спроведува од здружението „Зелен институт“ во партнерство со здружението „Изгрејсонце”.