Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Нов правилник за велопатеки и субвенции за купување велосипеди

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со стручните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставниците на граѓанското здружение „Биди зелен“.

Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирањето нови прописи со кои се уредуваат планирањето и проектирањето велосипедска инфраструктура во населено место и надвор од него. На средбата беше потврден фактот дека недостига инфраструктура за велосипеди, како услов за безбеден сообраќај, но и како еден од главните фактори за намалување на аерозагадувањето.

Николоски ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека Министерството е подготвено, со заедничка соработка со граѓанските здруженија, да бидат креирани нови нормативи и стандарди за во иднина квалитетно да се планира и да се реализира велоинфраструктурата.

Реклама

Исто така, министерот Николоски ја истакна подготвеноста на Министерството, во следната буџетска година, да се предвидат и средства за субвенции за купување нови велосипеди со цел да се намали користењето автомобили и да се влијае врз намалувањето на аерозагадувањето, како мерка за заштита на животната средина.

Министерот испрати и апел до сите општини, во рамките на финансиската поддршка за општините од 250 милиони евра планирана за следната година, општините да аплицираат за проекти за изградба на велосипедски патеки со цел да се подигне квалитетот на велоинфраструктурата на општинско ниво и да се поттикне користењето велосипеди во урбаните средини.

Во следниот период, стручните служби од Министерството и претставниците на граѓанското здружение „Биди зелен“ заеднички ќе работат на креирање нови прописи за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедската мрежа.