Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Самит ЕУ-Западен Балкан: Засега ништо ново за Македонија, Мицкоски замина да го слушне одговорот на Брисел

Проширувањето останува главен приоритет на Европската Унија но земјите аспиранти мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проширувањето останува главен приоритет на Европската Унија но земјите аспиранти мора да покажат сериозни реформи, добрососедски односи, регионална соработка. Во предлог-завршната декларација на Самитот ЕУ-Западен Балкан се посочува пристапниот процес да биде заснован на кредибилни реформи и индивидувални заслуги.

Токму ова и ќе го бара премиерот кој отпатува за Брисел од европските челниците. Македонската владина делегација која ќе има повеќе билатерални средби ќе се бори да добие поголема поддршка од Европејците за да се откочи процесот, но со долгорочно решение кое ќе не заштити од понатамошни блокади од Бугарија.  Сега топката е во ЕУ – која треба да не поддржи во отворените прашања на релација Скопје-Софија, а во истовреме ние да ги исполниме сите критериуми за напредок.

А што е тоа што треба да го направи Македонија? Предлог заклучоците oпфаќаат повеќе области, меѓу кои : борба против корупција и криминал , добрососедски односи, европски вредности, демократија, безбедност, одбрана…

Реклама

Од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство. Ја поздравуваме решеноста на Западен Балкан да ги почитуваа основните европски вредности и принципи во согласност со меѓународното право. Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на нашите партнери за борба против организираниот криминал и корупцијата. ЕУ ја потврдува својата посветеност за понатамошен развој и зајакнување на дијалогот и соработката во безбедноста и одбраната со Западниот Балкан, се наведува во предлог – декларацијата.

Предлог заклучоците ќе бидат презентирани на Самитот во Брисел, а најважната порака која Мицкоски ќе ја однесе таму е дека нема откажување од европската иднина но и од македонскиот идентитет.Вели дека битката е за сегашните, но и за идните генерации, ама и дека Унијата мора да се врати на старите шини со што пристапувањето ќе биде по заслуги.

На Самитот, на кој Мицкоски ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи и министерот за европски прашања, ќе стане збор и за реформската агенда на земјите од Западен Балкан која ќе биде основа за спроведување на Планот за раст на Европската Комисија. Ако се спроведат сите реформи Македонија ќе добие 750 милиони евра до 2027 година.