Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Членство во Европска Унија но со заштитен идентитет – Димитриевски најави национална платформа за обединување

Џабе ни е Европска Унија со погазен идентитет, јазик, култура… Претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џабе ни е Европска Унија со погазен идентитет, јазик, култура… Претседателот на движењето ЗНАМ порача дека Македонија има направено толку отстапки и жртви во минатото како ниту една друга држава во ЕУ и редно време е европејците да покажат искреност дека сакаат да бидеме дел од Блокот. Коалициониот партнер во владата настојува на уставни измени со одложено дејство, како моментално прифатливо решение за откочување на процесот во однос на спорот со Бугарија.

– Џабе ми е мене како Македонец било какво членство во меѓунбародна организација ако јас не се чуствувам во тој момент ништо помалку од Македонец. Секој Македонец кој ќе биде соочен со ова прашање во текот на евроинтегративниот процес ќе ви каже не, доколку треба да се погази нашиот идентитет, култура и континуитет, рече Димитриевски во одговор на новинарско прашање по прославата на едногодишнината од формирањето на ЗНАМ.

Откако Словенија и Германија подготвија нон-пејпер со кој се предвидува во пристапниот процес кон ЕУ да се намали можноста за вето или блокада поради билатерални прашања со соседни земји, во целиот процес се влева нова надеж дека членките на ЕУ ќе ја заштитат Македонија. Тоа според Димитриевски е во духот на елементарната матрица на Унијата, каде членките меѓу себе треба да се поддржуваат а не да си прават сопки. Ова доаѓа откако и еврокомесарката за проширување порача дека ќе направи се, билатералните прашања да не се дел од евроинтегративниот процес.

Реклама

Поддржувам силно вакви иницијативи. Всушност таквите барања се во духот на Шуман и Моне како елементарна матрица за основање на ЕУ бидејќи тоа е идејата на Унијата да се заштитат помалите во однос на поголемите. За жал во моментов согласно поставеноста и постоечките правила во ЕУ секогаш поголемите ги користат моментите како членки на ЕУ да ги решат билатералните прашања. Нашето прашање со Бугарија е отворено и наметнато од една страна, тоа е нивната страна и во континуитет негациите доаѓаат оттаму, рече Димитриевски.

На одбележувањето една година од формирањето на ЗНАМ Максим Димитриевски најави национална платформа за обединување на Македонците и сите етнички заедници што ќе придонесе за исполнување на стратешките цели на Македонија.

Во меѓувреме, државниот врв ќе лобира во Брисел. Во вторник, премиерот Мицкоски ќе оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан и ќе го брани предлогот за уставни измени со одложено дејство.