Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

До крај на 2024 над милијарда евра странски инвестиции, Мицкоски најави инвестициски бум и во 2025

Македонија стана една од водечките држави во странски инвестиции во регионот по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија стана една од водечките држави во странски инвестиции во регионот по глава на жител. Само во 2024 година се очекува инвестициите да достигнат милијарда евра истакна претседателот на владата. Според Мицкоски инвестициите кои ги донесе новата влада ќе обезбедат најмалку 600 вработувања, кои пак ќе придонесат за повисок стандард на граѓаните, а ќе имаат и директен импакт во развојот на брутодомашниот производ.

“Мислам дека тоа што го ветувавме, го испорачавме и повеќе од тоа. Продолжуваме со активностите. Очекувам директните странски инвестиции на крајот на оваа година да бидат повеќе од 1 милијарда евра. Особено овој процес се задвижи во трет и четврт квартал и очекувам да бидеме водечки по глава на жител во регионот односно да се вратиме онаму каде бевме пред 7 – 8 години и да продолжиме пожестоко и помотивирано да работиме и да го развиваме бруто домашниот производ. Максималниот број на вработени се очекува да надмине шестотини, кога ќе го достигне својот максимум така што милсам дека тоа значително ќе помогне во зголемување на брутодомашниот производ на македонската економија” изјави Мицкоски.

Реклама

Најава за нови инвестиции има и за во Новата година. Мицкоски уште еднаш потенцираше дека целта на Владата е да го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите во Македонија. Премиерот Мицкоски очекуваат околу 2700 нови вработувања во 2025 кои ќе бидат резултат на досегашните, но и идни соработки со странски компании. Инвестициите се очекува да бидат повеќе од 700 милиони евра. 

“Ставен е камен темелник, привршуваат подготовките, завршени се со странски инвестиции со вредност поголема од 700 милиони евра кои ќе обезбедат нови 2700 работни места, тоа е директниот импакт, но очекуваме индирекниот очекуваме најмалку уште толку да биде за компаниите кои ќе соработуваат со овие странски инвестиции” изјави Мицкоски.

За време на поставањето на камел темелник во градинка во село Таринци, општина Карбинци меѓу другото Премерот најави и изградбата на ветерен парк во близина на Општина Штип кој се очекува да биде готов до средина на 2025 година. Вчера почна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Технолошко индустриската развојна зона во Кичево.Во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра, а ќе се реализираат најмалку од 120 до 200 вработувања.

Даниел Ѓорѓевски