Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Два тона небезбедна храна со поминат рок е повлечена од неколку киосци во Скопје, информира АХВ

Речиси два тона небезбедна храна со поминат рок е повлечена од неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси два тона небезбедна храна со поминат рок е повлечена од неколку киосци во Скопје и со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство е уништена. Инспекцискиот надзор, како што информираат од АХВ, бил извршен по доставена иницијатива од граѓани.

-За утврдениот прекршок инспекциските служби на агенцијата издадоа решение за уништување на 1 920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот, се вели во соопштението од АХВ.

За сторениот прекршок, додаваат оттаму, изречена е парична казна.
Освен во Скопје, инспекторите затекнале небезбедна храна и во угостителски објект во Битола. Таму имало 241 килограм небезбедна храна која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена.

Реклама

Фирмата каде била затекната храната, додаваат од АХВ, казнета е со 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра, казнето е и одговорното лице.

Покрај за затекнатата небезбедна храна, оваа фирма и одговорното лице во неа, биле казнети и поради неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените. За ова казните што треба да ги платат се во висина од 300 и од 150 евра.

Во Охрид, пак, инспекторите при редовена надзор, во маркет затекнале сувомеснати производи и мелено месо што биле без декларација и со поминат рок на употреба. Казната за маркетот е во висина од 1 400 евра. Во овој град, додаваат од АХВ, казнета е и месарница заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените.