Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Четириесет ромски семејства во Штип ќе добијат нов дом

До крајот на месецот ќе бидат поставени типските куќи кои ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на месецот ќе бидат поставени типските куќи кои ќе бидат нов дом за четириесете ромски семејства кои во моментот живеат во супстандардни услови во објектите на старото Нервно одделение во Штип. Со нивната изградба ќе се реши станбениот статус на 260лица , од кои половина се деца. Според динамиката на градежните активности, се очекува на почетокот од новата година да бидат дадени  во владение на новите корисници.

„Од информациите кои ги имам од страна на операторот, се очекува следните недели да бидат поставени и веднаш штом ќе бидат поставени според временските прилики, некаде на почетокот на 2025 че бидат доделени на корисниците„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Дополнително, со општински пари ќе бидат изградени уште седум типски куќи за семејства кои живеат во објекти по трасата на булеварот „Партизанска„ кој е во финална градба. Откако ќе се иселат станарите, објектите ќе бидат урнати и овој дел  целосно ќе се урбанизира

Реклама

„И за овие седум објекти се планирани седум типски куќи коишто ќе бидат сместени на оваа локација. Со ова булеварот ќе додаде нова вредност и да го урбанизира целиот тој потег и сите парцели наоколу да бидат соодветно уредени. Дел од нив ќе бидат зона за домување и за комерцијални намени„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Предвидени се четири типа на куќи, со различна квадратура и ќе се распределуваат по бројот на членови во семејството. Изградбата на оваа мини населба во  месноста Света Недела, во Штип, е децениски проект. Чини околу 600.000евра , а средствата се  обезбедени од Европската Унија.

Александра Ристевска