Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ЗЕЛС ја следи состојбата со неподнесениот предлог буџет на град скопје за 2025 година

Нефункционалноста на јавниот сообраќај, паркови и зеленило, водовод и неподнесувањето на предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нефункционалноста на јавниот сообраќај, паркови и зеленило, водовод и неподнесувањето на предлог буџетот за 2025 година и самоволието на градочалничката Данела Арсовска се главните причини за  измени на законот за локална самоуправа со кој граѓаните преку референдум ќе имаат можност да го одземаат мандатот на градочалниците.  Дополнително од ЗЕЛС ја оставија отворена можноста поради лошата состојба во Град Скопје да и бидат одземени ингеренциите на Арсовска во повеќето градски претпријатија за што најавија и работни средби со  премиерот Христијан Мицковски. 

“Таа тема ги засега сите Скопјани. Тоа не е единственото прашање кое што предизвикува голгота за Скопјани. Ние имаме исто така проблем и со комуналната хигиена, паркови и зеленило, имаме проблем и со нефукционалноста, за жал, за прв пат и со водовод и канализација од кого направија загубар, што што досега не се случило цели 30 години. Како ЗЕЛС, како управен одбор до крајот на годинава ќе имаме средба и со владата и со претседателот на владата” изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

Во имплементација на законските измени за локална самоуправа ќе бидат вклучени експерти од централната и локална власт, како и целата експертска јавност. Од ЗЕЛС активно работат на дополнувањата и измените со кој градочалниците ќе имаат ограничена моќ.

“Не е доволно да направиме решенија како што имало често пати примери во минатото. Нас ни треба темелна реформа во перспектива на долгорочен план што ќе биде во интерес на граѓаните и ние да им служиме на граѓаните” изјави Ѓорѓиевски.

На денешната редовна седница на заедницата на единици на локална самоуправа исто така беше  потврдено дека е изработен и предлог закон за комунална полиција со кој ќе бидат предвидени глоби за правни и физички лица кои ќе ја загрозуваат животната средина. Глобите ќе се движат од 4000-6000 евра. Во имплементацијата на законот ќе биде вклучено и министерството за внатрешни работи за што Ѓеорѓиевски најави средби со министерот Панче Тошковски.

Даниел Ѓорѓевски