Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Милошоски: Измените на Законот за јавни набавки е со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на правната заштита за компаниите

„Прво затоа што мислам дека оваа државна комисија за жалби по јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Прво затоа што мислам дека оваа државна комисија за жалби по јавни набавки не покажа ефикасност и резултати. Ние гледаме и според одредени анкети, спроведени од институти и ЕК дека голем број на стопанственици дури не ни поднесувале жалби по јавните набавки затоа што знаеле дека однапред е одлучено како ќе биде“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во изјава за Канал 5 телевизија.

Тој продолжи и додаде:

„По однос на управната постапка или административна постапка сега, се работи само за подобрување на ефикасноста за да нема преклопување на надлежноста на бирото за јавни набавки со надлежноста на државната комисија за жалби по јавни набавки, односно да се зголеми ефикасноста на бирото за јавни набавки во почетокот на самата постапка кога има одредени поголеми јавни набавки, а државната комисија за жалби по јавни набавки да биде крајната инстанца која ќе значи правна заштита на оние стопански субјекти кои сметаат дека има повреда на постапката и сметаме дека ова разграничување ќе ги направи двете институции поефикасни во управувањето со финансиите и големи јавни набавки“, вели Милошоски.

Реклама

Милошоски истакна дека измените се поврзани со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК.

„И третата работа зошто го правиме по скратена постапка затоа што овие измени се поврзани и со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК каде како држава сме презеле одредени обврски, но претходната влада не ги реализирала навремено односно ние треба во 2025 година да ги намалиме електронските набавки под 40%. Досега биле навистина преголеми што создавало сомнеж дали истите се правилни или голем дел се злоупотребуваат и токму имаме таква интервенција да се ограничи оваа можност за електронски јавни набавки“, истакна Милошоски.

Тој продолжи и додаде:

„И на крајот тоа што сакам да го потенцирам е дека самите случувања актуелен е тој предмет со РЕК Битола со големи јавни набавки, со преголем сомнеж за можен организиран криминал или корупција покажуваат дека досегашното дејствување според овој закон на државната комисија за жалби по јавни набавки не било на задоволително ниво. Во иднина ќе треба многу посилен ангажман на овие две институции за да имаме поголема контрола во јавните набавки“, укажа Милошоски.