Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Премиерот Мицкоски информираше дека е решен откупот на ориз, производителите ја поздравија одлуката

По 6.000 денари за еден тон откупена оризова арпа наменета за извоз,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 6.000 денари за еден тон откупена оризова арпа наменета за извоз, а дополнително оризопроизводителите, ќе добијат пари од субвенциите во вредност од 18.000 денари од хектар за тековната година, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ова е мерката со која Владата  ќе го реши откупот на оризовата арпа. Оризопроизводителите од кочанско ја поздравија одлуката, надевајќи се дека долгогодишниот проблем со лошиот откуп кој ги донесе до работ на егзистенција, конечно е решен

„Мерката е идеална и за откупувачите и за оризопроизводителите. За прв пат субвенциите ќе се исплатат и календарски. Се одложуваат за март , април, па дури ио до јуни, но еве сега субвенциите ќе ги добијат во тековната гоидина. Мерката е одлична и мислам дека подобро не можело да се случи„ изјави Здравко Арсов, од Иницијативата за спас на оризопроизводството.

Според оризопроизводителите, во момент е откупено околу половина од оризовата арпа, произведена годинава, односно од околу 9000 до 10.000тони.

Реклама

„50% од овогодинешната реколта е откупена, другата половина се уште е во амбарите. Оризот се откупува по цена која претходно е договорена и утврдена од 35 до 40 денари , но ќе се откупува кога тие ќе бидат во можност„ изјави Здравко Арсов, од Иницијативата за спас на оризопроизводството.

Лошиот откуп и ниските цени на белото злато , во изминатиот период ги дотолчи оризопроизводителите. Покрај доцнењето на субвенциите, голем проблем  за нив беше и ниската откупна цена, па поради тоа беа приморани да протестираат и правдата ја бараат на патиштата.

Александра Ристевска