Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Прилепската пиварница донираше 600.000 денари за набавка на современ дијагностички сет за уролошкото одделение во болницата

Уролошкото одделение во прилепската Општа болница се опреми со два современи дијагностички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уролошкото одделение во прилепската Општа болница се опреми со два современи дијагностички сета за точно и прецизно дијагностицирање на повеќе видови уролошки заболувања, вклучително и на најтешките. Набавката на овие исклучително важни медицински инструменти била насушно потребна, бидејќи, како што рече началникот на одделението, досегашните, одамна си го отслужиле својот век  што пак, претставувало дури и сериозен ризик по здравјето на пациентите. Инструменитите се набавени со донацијата од 600.000 денари од Прилепската пиварница.

Најургентно набавивме два комплетни цистоскопи, односно и работен дел, и телескоски дел, кошулица, оптуратор и оптика со мост, без кој што практично е невозможно нашето функционирање како оддел…Постоеше и ризик да го прекинеме дијагностицирањето на основните уролошки состојби, односно патолошки состојби кај нашите сограѓани, така што оваа донација дојде како мевлем на рана“, – истакна д-р Трајче Јанкулоски, уролог и началник на Уролошкиот оддел.

Годинава, во духот на одбележувањето на 100 години од Прилепска пиварница, одлучивме донацијата да ја направиме на Одделението за Урологија при општата Болница- Прилеп и нашата грижа и солидатност за градот да биде пример  за тоа како треба сите успешни компании во нашата општина ја поддржуваат општината и сите нејзини дејности во градот“, – посочи Сашо Самарџиоски, ген. директор на Прилепска пиварница и донатор.

Реклама

Најискрено сме благодарни на оваа донација, на овие најнеопходни инструменти кои ќе помогнат при дијагностика и лекување на пациентите од Урлогија“, – кажа д-р Кире Јоноски, директор на Општата болница – Прилеп.

Инаку, во прилепското Уролошко одделение во моментов работат тројца уролози. За скоро време во тимот треба да влезе уште еден уролог-специјализант, што според зборовите на началникот на Одделот, ќе биде сосема доволно за околу 120-те илјади граѓани од Прилеп и од неколкуте соседни општини да добиваат квалитетна и високо-стручна здравствена грижа од областа на урологијата. Засега, прилепското Уролошко одделение е високо на македонската здравствена листа со над 40 сложени операции за 2024 година.

Каролина Дурло