Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Обвинителството оформи предмет за тргување со влијание и поткуп против Артан Груби и Енвер Беџети

Откако десната рака на Али Ахмети и судијата Енвер Беџети се најдоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако десната рака на Али Ахмети и судијата Енвер Беџети се најдоа на црната листа на САД, од зимски сон се разбуди државниот обвинител Љупчо Коцевски. Отвори предмет по допрен глас за двајцата, поради сомнежите на амбасадата на САД дека тргувале со влијание и примиле поткуп за застарување на кривична постапка од доменот на висока корупција. Ќе се истражува и оној што давал поктуп, брифираше Коцевски. Зошто вака не беше ажурен за другите корупциски скандали, државниот обвинител е дециден: не се за што објавуваат политичките партии и медиумите, има елементи на кривично дело.

Постои правосудна полиција и други истражни органи коишто треба да си ја завршат работата. Не може Обвинителството да постапува по однос на се што објавуваат медиумите или обвинуваат политичките партии. И за други лица од црната листа има истраги, Рамиз Мерко, Стевче Јакимовски. Отворен е предмет по допрен глас и за скандалите во Онкологија и набавката на компресори, вели Љупчо Коцевски, државен обвинител.

Коцевски не сакаше да ги коментира обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека во фиоки седат повеќе од стотина пријави, а обвинителите не постапуваат. Тврди дека институцијата којашто ја раководи ажурно постапува по секоја пријава.

Реклама

На најголемиот брифинг што некогаш го организираше државниот обвинител, одговараше и шефот на Организиран криминал, Ислам Абази. Тој информираше за десетина истраги за посредување со проституција и дрога како и за злоупотреби од цариници и затворска полиција. Имано, последниве месеци, единствена истрага за висока корупција е случајот со поранешното раководство на ЕСМ. Организириран криминал го истражува и случајот со СОравија на внукот на Али Ахмеити Дрин Ахмети. Абази рече дека чекаат на меѓународната правна помош од САД како и од други институции и прибавуваат материјално докази.

Обвинителство за организиран криминал истражува и за надзорот на Бехтел и Енка. Неизвесно е дали ќе има кривична постапка со оглед на тоа што според обвинителите тешко е да се обезбедат материјални докази за сите злоупотреби наведени во ревизорскиот извештај.

На брифингот стана збор и за мотивот на убиствата на 14- годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски. Иако малолетната Вања е ликвидирана два часа по нејзиното грабнување, обвинителството тврди дека е на добар пат да докаже дека мотивот е користољубие.