Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Голема полициска акција во РЕК Битола: Екс-раководството осомничено дека „стапило“ над 6,5 милиони евра

Пукна криминалната „тиква“, последниве години вешто „одгледувана“ во РЕК Битола. Во робусната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пукна криминалната „тиква“, последниве години вешто „одгледувана“ во РЕК Битола. Во робусната полициска акција која започна утринава, според првичните информации, засега се осомничени 29 луѓе кои се поврзуваат со незаконско работење во 4 фирми од: Битола, Велес, Скопје, Неготино и Кичево. Помеѓу нив и екс-директорити на ЕСМ и РЕК: Васко Ковачевски, кој во моментов бил надвор од земјава, но се преземаат мерки за негово пронаоѓање, потоа Васко Стефанов и Пеце Матевски. Групата, во која има и бројни роднински врски, се товари за организирање на злосторничко здружение за злоупотреба на на јавен повик за набавка на адитиви за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ „Осломеј“, но и во ТЕЦ „Неготино“. Нанесената штета од ова злосторничко здружување, се проценува на околу 6,5 милиони евра, во корист на осомничените. Блискиот пријател на екс-премиерот Заев, Васко Ковачевски, заедно со својот наследник Васко Стефанов и други лица, пак се сомничи дека формирале злосторничко здружение и со злоупотреба на службената должност се стекнале со протв-правна имотна корист. Како организатори на групата се осомничени братучедите Данчо Стојановски и Маја Јорданова од Велес. Јорданова, која била вработена во АД Пошта, но и сопственичка на приватна компанија без ниту еден вработен, била носител на договорот за адитивите, заедно со својот братучед, екс-комерцијалниот директор на ЕСМ, Стојановски, чии два сефа пак, во потрагата по докази, утринава биле отворени. Јорданова за првпат се спомна во медиумите во врска со милионската зделка за набавка на адитиви од Италија за потребите на државната ЕСМ, што ја добила како единствен понудувач. Помеѓу осомничените е и комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, на кого на товар му се става кривичното дело – злоупотреба на службената положба.

Со денешната мега-акција, опфатени е и поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, кој заедно со брат му Ранко, татко му Мирко и сопругата Милица се осомничени и за перење пари преку поголемата зделка што фирмата на сопругата Милица ја имала склучено со РЕК Битола кога таму директор бил веќе сега осомничениот битолчанец, Пеце Матевски.

Акцијата која ја раководи ОЈО за Гонење организран криминал заради што се очекува осомничените да бидат изведувани пред скопскиот Кривичен суд, ја потврдија и од МВР, најавувајќи повеќе детали дури по нејзиното завршување.

Реклама

Инаку, сомнежите за политичко-криминалното подземје во РЕК Битола, ВМРО-ДПМНЕ ги обелодени уште пролетоска, кога Христијан Мицкоски, тогаш од позиција на опозиција предупреди на „епски“ криминал кој со години се случувал таму. Според него, РЕК Битола била „златна кококошка“ за битолската фирма „Марковски“ на која за само две години и’ биле префрлени дури 200 милиони евра народни пари, а имало и  два тендери за набавка и увоз на јаглен, и ископ на јаглен и јаловина во вкупна вредност од над 140 милиони евра.

Инаку, Пред крајот на минатата година пак, АД ЕСМ распиша и оглас за 500 нови вработувања, дел од нив и за во РЕК Битола. Платите кои се нудеа беа од 30.000 до 60.000 денари, во зависност од работната позиција.

Каролина Дурло