Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Бизнис

Бугарите бараат нивната влада да се посвети на инфраструктурата како што прави македонската

Засилената динамика за завршување на постоечките инфраструктурни проекти но и плановите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилената динамика за завршување на постоечките инфраструктурни проекти но и плановите на Владата за отпочнување нови ги разгори страстите во Бугарија.  Бугарите бараат нивната Влада да се посвети на инфраструктурата како што тоа го прави македонската. Локалните власти се жалат до централните зошто Владата во Бугарија не презема чекори за изградба на автопат до Македонија, кога Македонија прави се.

Како што пренесува бугарската телевизија БНТ, општинските советници од Ќустендил и останатите оштини од регионот, кој се поврзува со Македонија преку коридор 8 потпишаа декларација со која бараат брза изградба на патниот правец од Дупница до граничкиот премин Гуешево со Македонија, стравуваат дека македонија може да ги насочи средствата кон други приоритети  

Општинските советници стравуваат дека Северна Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за Коридорот бр. 8 во друг паневропски транспортен коридор – преку Србија, пишува телевизијата БНТ 1 Новини

Реклама

Бугарските власти обвинуваат дека Македонија е таа која  не сака изградба на пругата кон Бугарија како и на автопатот кон бугарската граница. Ова го демантираше вицепремиерот Николоски . тој појасни дека ако ние имаме автопатско поврзување кон Бугарија, а тие немаат тогаш нема поента Македонија да гради автопати. Во однос на железничката Инфраструктура , односно изградбата на пругата работите заглавија во сомнително одбран изведувач и лошо испроектиран тунел. Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар е речиси готова, додека од Куманово до Крива Паланка работите се одвиваат доста постпоро, а според министерот за транспорт проблем е во изведувачот, тој го повика јавното обвинителство да истражи како е одбран изведувачот и дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање.  Додека пак за третата фаза, формирана е комисија со Бугарија за да се испроектира потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави, но работите очигледно заостануваат од бугарска страна. Николоски повика тие да си го завршат својот дел од работата и да се спојат до граница

Инаку во Македонија пред два месеци стартуваше реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир до кој според најавите до Нова Година ќе има нов експресен пат. Во завршна фаза е изградбата на Ранковце – Крива Паланка, а се проектира и нова траса со цел поврзување од Куманово до Ранковце. Со ова од Скопје до Деве Баир ќе се стигнува за еден час.