Имотен лист за една минута. Со новиот портал на Агенцијата за Катастар „е услуги“ до побрзи и поефикасни услуги. Ќе стартува од 1 јануари, а бараниот документ граѓаните ќе можат да го добијат веднаш на својот маил. Преку порталот секој ќе има пристап до 94 различни услуги, а листата ќе с епроширува во наредниот период. Оние кои досега биле регистрирани на стариот портал кој ќе биде активен до 31 декември , ќе може да ги користат истите кориснички имиња и лозинки за новиот портал на кој услугите ќе бидат достапни од први јануари.
Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица. До крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Исто така, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација“, рече Живковски на прес-конференција.
Покрај тоа што се олеснува пристапот, граѓаните веќе плаќаат и пониски цени за катастарските услуги. Според Живковски, веќе од пред три недели се применува новиот тарифник со кој услугите поевтинале за 75 отсто, односно се намалија цените на услугите кои беа енормно покачени во февруари годинава. Живковски ја повика комората на геодети да предложи нов тарифник и тие да ги намалат цените на услугите.

Согласно информациите со кои располагам, нема намалување на тарифиникот. Комората на геодети прво треба да предложи и ние да дадеме согласнот. Предлогот мора да да биде одобрен од нивна страна, но колку што имам информации, во моментов за такво нешто не ни размислуваат. Ние не би се мешале во таа политика, тоа е политика на Комората на геодети. Нашата визија и цел е да им пружиме на граѓаните и правните лица, на сите наши корисници, брза, ефикасна и што поевтина услуга, напомена директорот.
Првиот човек на Катастар, информираше и дека решени се сите заостанати предмети, а новите се решаваат во реално време. Од Институцијата велат дека тимот работи со засилено темпо паралелно и на предметите кои се за решавање на експропријацијата на земјиштата каде се градат коридорите 8 и 10 д.

