Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата, целосно почитување на обврските на Министерството кон своите вработени и припадниците на Армијата и стабилното буџетирање на одбраната како основа за развој.

„Процесот на модернизација тече согласно сите планови. Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност“, рече Мисајловски.

Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата.

Реклама

Министерот се осврна и на вработените во Армијата и одбраната за кои рече дека „се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, додека истовремено тие се првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин“.

Сето тоа е реалност, рече Мисајловски, затоа што буџетот е стабилен и е во нагорна линија. Најави дека и во 2025 година одбранбениот буџет ќе расте, односно да изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ. Тоа, истакна министерот, значи реализација на сите зацртани планови за развој.

Во однос на реформата на системот за заштита и спасување, министерот Мисајловски порача дека одбраната е подготвена да даде целосна поддршка во овие реформи зашто „не постои позначајно нешто од сигурноста на нашите граѓани“.

„Граѓаните од нас очекуваат ефикасен, брз, добро подготвен интегриран систем за заштита и спасување и управување со кризи. Впрочем, огнените стихии со кои се соочивме изминатото лето беа доволен доказ дека нешто мораме да менуваме и тоа сега и веднаш. Да ги детектираме слабостите на системот и заеднички…да покажеме дека знаеме да ги ставиме потребите на секој еден граѓанин на прво место“, потенцираше министерот.

Научно стручната трибина е организиран од Клубот на генерали во кој членуваат 35 активни и пензионирани генерали со значително искуство стекнато преку повеќе децениска работа во одбранбениот систем. Говорници на трибината беа еминентни професори и експерти во безбедносната сфера.

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/1097703565062717?ref=embed_post