Пациентите во Македонија повеќе сакаат да се лекуваат во приватните отколку во државните болници. Според податоците на меѓународните здравствени инситуции овој податок е сериозен проблем за граѓаните кои имаат пониски примања бидејќи не можат да се лекуваат таму каде што сакаат. Во 2020 година државата потрошила само 7.3 проценти од парите за здравствена заштита на граѓаните, а тоа е далеку од просекот на европските земји, алармираат реномирани доктори кои работат во најпознатите болници во светот. Причина за ова според надлежните е криминалот и корупцијата која со години царува и во здравството.
Клековски го издвои и случајот со онколошките пациенти. Тој тврди дека државата треба да се залага за побрза дијагностика.Но итно треба да се направат и регистри за болни.
И од СЗО и ОН алармираат дека потребни се повеќе превентивни прегледи за повеќе болести.Особено акцент да се стави на болните од ХИВ, канцер, дијабет и други хронични заболувања.

И од фармацевтскиот гигант “Алкалоид” ја потврдуваат тезата на светските доктори. Колку е важна точната дијагноза и терапијата, исто толку е важен и производителот на лекот.
На конференцијата за здравство, организирана од комитетот на здравство во рамки на Американската стопанска комора имаше бројни владини преставници, лидери на фармацевтски компании кои адресираа клучни прашања и чекори за како до подобар здравствен систем во Македонија.
