Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Редици за подигнување ваучери за инвертери

Голем број граѓани од утрово чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број граѓани од утрово чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на ваучерите на инвертери кои ги доделува Министерството за енергетија.

Колони има долг цел паркинг на салата. Ваучерите можат да се подигнат денеска од 9 до 17 часот во пунктот во „Борис Трајковски“. Оние граѓани кои денеска нема да успеат да стигнат, тоа ќе можат да го направат до крајот на ноември во просториите на Министерството за енергетика.

Ваучерите мораат да се искористат до 30 ноември. После овој рок тие не важат. Согласно јавниот оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена).

Реклама

За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од пелагонискиот и југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони – по 23.000 денари.