Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

„100% Посветено на тебе“, панел дискусија на темa образование и спорт

Повисоки плати за наставниците, реконструирани објекти, нови програми за основно и средно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати за наставниците, реконструирани објекти, нови програми за основно и средно стручно образование, нов закон за учебници, реновирање на студентските домови-Владата го претстави планот како до квалитетно образование. Според министерката Весна Јанвеска, реформите кои се спроведени се само почеток и вети дека образованието ќе биде една од главните приоритети на оваа влада.

Министерката смета дека полека се расчистува хаосот кој го наследиле од претходната влада.

,,Не само што овозможивме да се одделат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме еден повеќегодишен договор за тие да се чувствуваат сигурни, наставниците да се чувствуваат сигурни. Продолжуваме со изградба на студентски домови. Знаете дека во моментов има огромно реновирање на студентските домови Кузман Јосифовски-Питу и Стив Наумов, но ќе продолжиме да ги реновираме сите останати домови во земјата на кои тоа им е потребно,, кажа министерката Јаневска.

Реклама

Повеќе пари за колективните и индивидуални спортови најави и министерот за спорт Борко Ристовски кој кажа дека се работи на стратегија со која сите клубови ќе бидат еднакво третирани независно од надворешни фактори, нови спортски сали и специјализирани програми за женски спортови.

,,Ја наследивме агенцијата за млади и спорт која што на јавноста и е добро познато дека го заврши своето постоење со коруптивен скандал, односно обвинение за проневера од околу 5 милиони евра. Под врвен спорт ги подразбираме сите оние екипи и поединци кои се натпреваруваат на меѓународна сцена и тие добија дополнителна помош од околу 84 милиони денари, што е нова програма, иднава недела ќе ги иплатиме и заостанатите средтсва коишто не беа исплатени од претходната влада во вредност од 550 милиони денари коишто се помош од државата за клубовите, федерациите и поединците, и до крајот на годината ќе отвориме уште една нова програма за женски споротови,, кажа Ристовски.

Во рамки на платформата 100 отсто посветени за тебе на тема Образование, култура и спорт беше потенцирано колку се важни реформите кои се спроведуваат во овие ресори, но исто така беше констатирано дека мора да се продолжи со забрзано темпо за да се надминат натрупаните проблеми и да се продолжи со реализација на ветените проекти.

Даниел Ѓорѓевски,