Реклама
Македонија

Скандалот „Онкологија“ и по повеќе од една година нема разрешница

Случајот „Онкологија” и по повеќе од една година се уште во истражна…

Сподели:

Случајот „Онкологија” и по повеќе од една година се уште во истражна постапка.Се чекаат вештачењата на медицинските извештаи кои се испратени во странска независна медицинска установа, велат за Алфа од ОЈО. На крајот на јануари Обвинителството отвори истрага за случајот со петмина осомничени и засега тоа е последниот преземен чекор за скандалот кој ги погоди сите онколошки пациенти.

“Истрагата е тек, се очекуваат вештачењата на медицински досиеја кои се испратени во странска независна медицинска установа. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија беше доставен до обвинителството уште пред да биде објавен во јавноста и по него веќе се преземаат дејствија” велат од јавното обвинителство.

Бројни потресни сведоштва на пацинети и нивни најблиски очигледно беа малку за да се најдат сторителите. Дел од нив сведочеа дека  наместо со биолошка терапија, болни од рак се „лечеле“ со физиолошки раствор?!

Реклама

Но, истрагата се уште бара цврсти докази –  дали и кој се богател на грбот на најтешко болните и препродавал терапија?

Во септември 2023 година изби најголемиот скандал во историјата на македонското здравство. Каде се препродавала скапата биолошка терапија на црно со сеседни земји. Во овој мега скандал на распит беа доктори, медицински сестри и директори на клиниката, и пацинети.

Во Собранието беше формирана и Анкетната Комисија каде се бараше отчет и од поранешните министри за здравство.Заклучокот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ беше политичката одговорност да носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната дректорка на здравствениот инспекторат Ирина Бухов. Ова за СДСМ беше неприфатливо.

И покрај обидот на институциите за расветлување на скандалот на онкологија, проблемите на пациентите им останаа исти. Тие повторно се осудени на чекање со часови во болничките ходници за преглед кај онколог, немање термини за дијагностички процедури, недостаток на лекови..прашуваат дали и кога ќе им се решаат овие тешкотии?

Но чекањата за испитувања и снимања не се единствениот проблем на онколошките пациенти. Последниот ревизорски извештај за 2023 не е многу различен од ланскиот кога и изби скандалот со препродажба на лекови.

Акцелератор кој е донација, спакуван со години фаќа прашина во складиште, а Онкологија плаќа за негово чување. Ревизијата утврдила проблеми со пописот на залихите, неевидентирани лекови кои биле донација но и податок дека само четвртина од болните добиваат биолошка терапија. Има наплив на пациенти а нема доволно кадар да работи.

Министерот за здравство Таравари, ги знае проблемите и уверува дека полека но сигурно ќе се решаваат – тој кажа дека  се бара бара начин како да ги олеснат патешествијата на онколошките пациенти низ системот.