Реклама
Македонија

Експерти: Уставни измени со одложено дејство – најдобро решение за деблокирање на евроинтеграциите и за зачувување на националните интереси

Проактивна надворешна политика која се разликува во цврстиот став и црвените линии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проактивна надворешна политика која се разликува во цврстиот став и црвените линии, во споредба со претходната власт која секогаш прифаќаше туѓи услови и барања, додека беа загрозени националните интереси на Македонија – експертите се децидни дека реториката на премиерот Христијан Мицкоски и лобирањето пред европејците ја покажува заложбата за откочување на евроинтеграциите, без прифаќање уцени и ултиматуми. Уставни измени со одложено дејство по моделот на Преспанскиот договор би значеле дека Бугарија нема да излезе со нови услови и повторно да стави рампа на патот кон ЕУ.

Премиерот Христијан Мицкоски од Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите порача дека уставни измени со одложено дејство ќе не заштитат од подоцнежни условувања. Тој беше дециден дека Македонија која премногу направи изминатите години,е жртва на билатерални спорови и поради тоа, европската судбина на земјава, ваква во моментов – очекувано, предизвикува фрустрации и незадоволство кај граѓаните.

Вчера пак, Виена, се сретна со министерот за надворешни работи и со претседателот на Австрија, каде ги реафирмираше заложбите на македонската влада за евроинтегративниот процес, кој мора да се заснова на копенхашките критериуми, а не на уцени. Претходно, Мицкоски беше и во Берлин, од каде се вратил со, како што рече, поголем оптимизам, поради идеите и иницијативите што ги слушнал од своите соговорници на маргините на Берлинскиот процес и од средбите со германските официјални  претставници.

Реклама

Утре во Скопје доаѓа и шефицата на ЕК , Урсула фон дер Лајен, како дел од поголема турнеја низ земјите од Западен Балакн. Ова според според Наумовски ќе значи потврдување на она што веќе ЕУ го има кажано многу пати – дека регионот припаѓа во Блокот. Но ако навистина постои волја за такво нешто, се очекува од европските институции да покажат поголема ангажираност.

Четиридневната посета на фон дер Лајен започнува денеска во Тирана. Таа утре во Скопје ќе се сретне со државниот врв, а потоа продолжува во Сараево, Белград, Приштина и Подгорица.

Таа и претходно имаше имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември. На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан.